Осум проектили се истрелани кон воената база и меѓународен мир и безбедност, во близина на украинскиот град Лавов на околу 25 километри од границата со Полска, соопшти регионалната воена управа на Лавов.

Гувернерот на областа Лавов изјави дека во нападот на воената база западно од Лавов загинале девет лица, а ранети се 57 луѓе. Подоцна светските агенции јавија дека во нападот на руските сили кои од голема далечина истрелале 30 ракети од воздух загинале 35 лица, а 134 се ранети.

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников претходно изјави дека во објектот работеле и странски воени инструктори, но не е јасно дали некој од нив бил во базата кога се случил нападот. Тој нападот го оцени како терористички акт.

Ова е нов терористички напад врз мирот и безбедноста во близина на граница на ЕУ-НАТО. Мора да се преземе акција за да се запре ова. Затворете го небото!, повика тој.

Нападот на воената база во близина на Полска дојде откако заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков вчера предупреди дека западните конвои со оружје и воена опрема за Украина Русија ги третира како „легитимни цели за напад“.

Градоначалникот на Лавов, Андриј Садовји, го потврди рускиот напад врз украинскиот меѓународен центар за мир и безбедност. Тој ги повика луѓето да не објавуваат фотографии и видеа од местото на настанот.

OhridNews