Деновиве, Македонија и Грција поставија нов рекорд на гледаност во квалификациите за Европското првенство во Counter-Strike: Global Offensive.

Повеќе од 22 000 гледачи ширум светот, преку сервисот за стримање Hitbox, имаа можност да го следат натпреварот помеѓу „лутите“ ривали, кој Македонија го доби со 2:1.

ENTiTY како репрезентативци на Македонија вчера одиграа натпревар против репрезентацијата на Грција. Нашиот тим, во кој играат тројца охриѓани, ги победија Грците во тесен натпревар со резултат од 2-1.“ – велат од ENTiTY.

ENTiTY како тим веќе 6 години има големи успеси на меѓународна сцена и претставуваат единствени сериозни претставници од земјава во видео игрите. Иако имаат постигнато супер резултати на неколку големи интернационални турнири, тие велат дека недоволната подршка од институциите не им овозможува натпревари и искуство за да бидат секогаш помеѓу најдобрите екипи.

Проблемот за македонските тимови е континуитетот. Играме цела година за еден интернационален турнир додека другите играат десет. Ние ќе направиме една грешка, ќе загубиме тесно и ќе си кажеме себе си другиот пат ќе победиме. Но проблем е што нема друг пат, следниот турнир за нас е за една година. Дотогаш ќе се сменат сите работи и си го загубил прогресот.“ – вели Александар Киселинов.

Натпреварот против Грција го играа Јован kalaN Каланоски, Александар helius Киселинов, Џоко ALM1GHTY Лабоски, Семих OSAMA Камил и Анел NENO Цековиќ.

Инаку, Counter-Strike:Global Offensive е продолжението на старата „1.6″, која во моментов е втора најиграна игра на „Steam“ со просек од 100,000 играчи во секој момент.

OhridNews