Хидробиолошкиот завод Охрид, ќе потпише Договор за воспоставување научна соработка меѓу Хидробиолошкиот завод – Охрид и Музејот на езерото Бива од Јапонија.

Иницијативата е на на градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески, а во соработка со Министерството за надворешни работи и амбасадата на Р.М. во Јапониј. Активностите започнаа минатата година,  треба да резултираат со потпишување финален документ кој треба да се потпише во текот на утрешниот ден.

-Потпишувањето на Договорот за соработка е уште еден чекор напред во зајакнувањето на македонско – јапонската билатерална соработка во научната област, со кој се овозможува размена на научни искуства и заеднички проекти меѓу двете институции. – велат од Хидробиолошкиот завод.

Предвидено е соработката да се одвива на две нивоа: научно – истражувачка и музејска. Во делот на научно-истражувачката соработка ќе се вршат заеднички испитувања на ретки ендемски видови и старост на езерата (Охридското Езеро припаѓа меѓу најстарите и најголеми езера во Европа, а езерото Бива претставува најголемото слатководно езеро во Јапонија), додека во делот на музејската соработка предвидено е претставување на Охридското Езеро во Музејот на езерото Бива. За таа цел, во постојаната поставка во Музејот на езерото Бива ќе бидат изложени фотографии, историски артефакти или реплики поврзани со животот на мештаните како чунови, јадици, мрежи, и други историски предмети поврзани со Охридското Езеро.

Догооворот за соработка ќе биде потпишан утре од страна на директорот на Хидробиолошкиот завод Елизабета Велјаноска Сарафилоска и директорот на Музејот на езерото Бива Тори Шинохара. 

Се очекува во текот на утрешниот ден делегација од Музејот на езерото Бива, предводена од Директорот на Музејот на езерото Бива,. Тори Шинохара да биде примена од градоначалникот Никола Бакрачески.