Се чекаше ред, се бараше кревет повеќе за дарување на драгоцентата течност на вчерашната крводарителска акција, која традиционално во организација на Црвен крст Охрид, на 8 и 9 август се одржува на Плаошник.

Хуманоста на охриѓани, но и на многу гости од други градови во Македонија предизвика полни раце работа за трансфузиолошките екипи, кои само синоќа „наполнија“ 126 кеси со дарувана крв.

Акцијата заврши попладнево со нов рекорд од 154 единици крв. Црвениот крст изразува благодарност до дарителите за нивната хуманост како и до екипите на транзфузиолошките служби од Охрид, Струга и Битола. Следната крводарителска акција која Црвен крст Охрид ќе ја организира во соработка со Општина Охрид ќе се одржи на 14-ти септември.

OhridNews