Охридскиот таксист за кој постоеше сомневање дека е исчезнат бил пронајден во Радовиш.  Според првичните информации таксистот кој работел во една од такси компаниите во Охрид, бил недостапен од неделата, откако тргнал да носи патник во Струмица.

Од неофицијални извори дознаваме дека возилото на такси компанијата марка Шкода Октавија  било пронајдено најверојатно на патот помеѓу Берово и Радовиш. Возилото било демолирано од надворешната страна, но по природата на оштетувањата, истите не  биле предизвикани од сообраќајна несреќа.

Истите извори не информираа дека таксистот, кој е на возраст од околу 40 години, во неделата на 18-ти март се јавил во станицата на такси компанијата и највил дека ќе вози патник за Струмица, но не зел патен налог, затоа што тврдел дека човекот што ќе му биде патник е негов познајник. Отогаш таксистот бил недостапен на својот мобилен телефон, а неговите роднини и пријатели интензивно трагаа по него.

Од Охридската полиција информираа дека ваков случај не бил пријавен кај нив.

OhridNews