Претседателот Ѓорге Иванов му го врачи мандатот за состав на влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Пречките за доверување на мандат за состав на Влада на Република Македонија се отстранети. Денеска пристапуваме кон исполнување на член 84, алинеја 1 од Уставот на Република Македонија за определување мандатар за состав на Владата на Република Македонија. Коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, која има мнозинство во Собранието на Република Македонија, го предложи господинот Зоран Заев да биде кандидат кому ќе му биде доверен мандат за состав на Влада на Република Македонија, рече Иванов.

Како што нагласи Заев, до Иванов биле доставени гаранции за заштитата на уставниот поредок и територијалната целина, како и тоа дека ниеден документ, платформа или ставови не можат да бидат услов или основа за формирање или пак дејствување на новата влада во Македонија.

„Независно од политичките и етничките припадности, граѓаните се подготвени да работат на проблемите. Гласот е обединета Македонија е и гласот на единствена Македонија. Демократијата не се создава преку ноќ, таа е макотрпен процес“, изјави Заев.

Тој порача дека очекува фомирање на влада за помалку од 20 дена, односно за десет или помалку денови.

OhridNews
Фото МИА