Државната изборна комисија, на денешната седница, со ждрепка го одреди редоследот на претседателските кандидати на избирачкото ливче.
Според жребувањето, кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ за Претседател на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, на престојните претседателски избори ќе го носи бројот еден, како втор на листата ќе биде кандидатот од редовите на ДПА, Илјаз Халими, трет е Стево Пендаровски од СДСМ, а под реден број четири на изборното ливче ќе е кандидатот од редовите на ГРОМ, Зоран Поповски.
По увидот во единствениот избирачки список, политичките партии евентуалните забелешки, треба да ги достават до највисокото изборно тело.
Редослед на кандидатите на избирачкото ливче веднаш ќе биде објавен во Службен весник.
Изминатата недела ДИК едногласно го усвоен буџетот за двата изборни циклуси кои ќе се одржат на 13-ти и 27-ти април годинава. Според потпретседател на ДИК, Субхи Јакупи, за организирање на претседателските и предвремените парламентарни избори потребни се над 8 милиони евра.
Изборната кампања за претседателските избори почнува на 24-ти март. Првиот круг на изборите ќе се одржи на 13-ти април, а евентуален втор круг закажан е за 27-ми април.
OhridNews
извор: Макфакс