Како што дознаваме притвореникот бил спроведен до ординацијата согласно прописите со двајца чувари и имал лисици на рацете. Во моментот кога требало да седне на стоматолошкиот стол итро успеал да избега низ влезната врата на ординацијата и низ околните улички се оддалечил во непознат правец.
Станува збор за лице осомничено дека предизвикало општа опасност со пукање од автоматска пушка во угостителски објект.
Надлежните органи трагаат по избеганиот притвореник.