Кардиналите го избраја новиот, 266 поглавар на Римокатоличката црква. Од оџакот на Сикстинската капела во 19.06 минути беше пуштен бел чад, по што следеше објава дека 76-годишниот Жорге Марио Берголјо од Аргентина е избран за нов папа. Тој се одлучил да го земе името Фрањо без римскиот број I, пренесува Асошиејтед прес.
„Ќе биде Фрањо I, кога ќе го имаме Фрањо II“ – го пренесува официјалното објаснување на Ватикан AP.
Ова е прв пат во 1300 години да биде избран папа кој не е од Европа и воопшто прв од Јужна Америка, каде живеат најголемиот број од католиците во светот.
Фрањо II светските медиуми го оценуваат како крајно конзервативен. Тој остро се спротиставува на истополовите бракови, абортусот и контрацепцијата. Тој е познат како голем помагател на сиромашните и хуманитарец.
Како изгледале ранохристијанските базилики на Плаошник и Студенчишта во полн сјај пред 1500 години Одговорот денес не е само во археолошките книги, туку и пред очите на посетителите – преку 3...
На 12112026 во 18:50 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во куќа, сопственост на 41 и 52-годишни лица од охридското село Долно Коњско Повредени лица нема, а интервенирала Територијал...
Запленети се 734 кубни метри дрва и поднесени се 147 прекршочни и кривични пријави во интензивираните акции на Шумската полиција, кои се спроведуваа во текот на октомври, против бесправната сеча, т...