Без проблеми и мирно се одвива изборниот процес во општина Струга, информираат од ОИК. Сите избирачкки места, вкупно 101, се отворени на време. Излезноста до 13 часот изнесува 11 проценти. 

Нешто повисока излезноста е во избирачките места во градот.

-Избирачкото место 1848  е отворено на време точно во 7 часот, до сега избирачкиот процес се одвива без пречеки, се е во ред. -изјави Ирена Размоска потпретседател на ИМ 1848 кое се наоѓа во средношколскиот центар „Нико Нестор“ во Струга.

Стружани очекуваат фер и демократски избори, а од идниот претседател цврста надворешна политика и одговорно да ја извршува функцијата.

 

Во Единствениот избирачки список во општина Струга запишани се 57 983 граѓани.

Г.М.