Обвинетите Цвете Вранишкоски, Климе Миладиноски и Гоце Јанески нема да одговараат како соучесници, туку ќе се утврдува одговорноста на секој од нив поединечно за кривичното дело за кое се товарат „предизвикување тешки дела против општата безбедност.
-Сите оние докази кои беа изведени, а судот не ги зеде во вид во претходната постапка очекуваме да бидат разгледани. Одбраната исто така бараше и реконструкција на настанот, но ќе видиме сега во понатамошната постапка како судот ќе ги изведува овие докази, изјави адвокатот Џиков.
Неговиот колега, Димитрија Цобоски смета дека обвинителството во оваа фаза од процесот не може да врши измени на обвинителниот акт.
-Согласно законот за кривична постапка измена, или дополнување на обвинителен акт може да има откако во текот на постапката ќе бидат изведени доказите. Ние имаме ситуација кога од страна на Апелациониот суд во Битола е укината првостепената пресуда и главниот претрес почнува одново, и на самиот почеток на главниот претрес кога имаме обвинителен акт кој е на правна сила без да се изведе било каков доказ се врши имена на обвинителниот акт, истакна Цобоски.
Местото на трагедијата
Овој судски предмет беше вратен на повторно судење откако Апелациониот суд во Битола ја укина претходната пресудата и ја уважи жалбата на бранителите на обвинетите.
Според решението на Апелациониот суд во Битола, првостепениот суд недоволно ја утврдил фактичката положба, а немало ниту образложение какви дејствија поединечно презеле обвинетите Цвете Вранишкоски, Климе Миладиноски и Гоце Јанески. Тројцата беа прогласени за виновни за тешки дела против општата безбедност. Вранишковски доби казна од четири години затвор, Јанески беше осуден на три години и четири месеци затвор, а Миладиновски доби тригодишна затворска казна. Во обновената постапка првостепениот суд ќе мора да изведе дополнителни докази при донесувањето на пресудата.
Во несреќата што се случи на 11 септември 2010 година настрадаа тројцата долгогодишни пријатели, лекарите Јосиф Докоски (56) и Киро Ѓоргоноски (57), како и Јоско Кувенџиески (48).