Целосно ја разбирам исфрустрираноста на советничката група на ВМРО- ДПМНЕ, бидејќи цели 7 години се неконструктивна опозиција во охридскиот совет, вели претседателот на советот на општина Охрид, во врска со упатените обвинувања од страна на советничката група на ВМРО- ДПМНЕ околу иницијативата за свикување итна седница за дивоградбите во село Трпејца.

Никако не можам да го разберам нивното непознавање на основните поими во правото и нивниот приземен начин на комуникација.Поради тоа им порачувам дека воопшто немам намера да се спуштам на нивно ниво на јавна комуникација и околу ова прашање немам што повеќе со нив да полемизирам, вели Јаковчески.

По оваа изјава на претседателот на советот, од советничката група на ВМРО- ДПМНЕ, со порака- наместо да изигрува некаква важна големина, претседателот на советот да одговори под чиј налог го суспендира деловникот за работа и не дозволува да се оддржи итната седница.

OhridNews