
– Со овој систем, ефикасноста на наплатата ќе се зголеми 30 до 40 проценти, можноста за манипулација и избегнувањето на наплата ќе се сведе на минимум, а граѓаните ќе можат да ги користат услугите на современ начин како што ги користат граѓаните во сите поголеми метрополи во светот и кај нас, велат од ЈП Билјанини извори.
Од јавното претпријатие реагираат на претходно изнесеното од страна на дел од политичките партии, потенцирајќи дека станува збор за лаги и невистини чија цел е еден транспарентен процес кој е од интерес и само од интерес на граѓаните на Охрид да се претвори во политичка манипулација и борба за ефтини политички поени.
– ЈП Билјанини извори соочено со катастрофалната финансиска состојба, со огромна превработеност на партиски кадри на партијата што реагира и на нивниот довчерашен коалиционен партнер од кого што бесрамно се откажаа откако го уништија јавното претпријатие, сега ЈП Билјани извори е на домет на политички маргиналци кои се дрзнуваат да ги лажат граѓаните на Охрид со небулози и невистини во однос на проектот за приватно јавно партнерство за користење на паркинзите во Охрид,велат од претпријатието.
Оттаму со прашања до партијата која реагира на реализацијата на проектот- зошто додека со јавното претпријатие раководеле нивни кадри без никаква одговорност, го уништиле,задолжиле претпријатието и ги оставиле вработените без четири плати, здравствени картони, како и зошто градските паркинзи ги издавале на група нивни бизнис партнери кои профитирале од парите на граѓаните,додека јавното претпријатие пропаѓало.
реагира и владејачката партија
Наместо да им се извинат на граѓаните и да сносат одговорност за тоа што го пропаднаа Јавното претпријатие а паркинзите им ги дадоа на нивните бизнис партнери да ги полнат џебовите ВМРО НП треба да обелодени каков интерес имаа при нивните зделки, а не да се појавуваат во јавност со чудни соопштенија. -се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.
-Треба да кажат колку пари заработија нивните бизнис ортаци, колку заработија на сметка на Охриѓани кога наплатуваа паркинзи по 50 денари на час а граѓаните на Охрид и туристите беа буквално матретирани со закани, омаловажување, влечења за раце и сл. Граѓаните тоа никогаш не го заборавија и затоа на народна и нивните довчерашни коалициони партнери ги казнија на последните локални избори со катастрофален пораз од кој што сеуште неможат да се опорават. -стои во соопштението.
ВМРО ДПМНЕ смета дека идејата за јавно приватно партнерство е благородна и современа идеја, од која ќе имаат најмногу корист граѓаните на Охрид.
OhridNews
Паркинзите ЈП „Билјанини Извори“ ќе ги стопанисува партнерски со приватна фирма











