Кабаст отпад викендов се одлагаше и на една невообичаена локација, пред Основниот суд Охрид. Оставена беше покуќнина, душеци, мини шпорет….
Неофицијално, покуќнината пред судот ја оставил охриѓанецот Јовче кој изминатите години на неколку наврати штрајкуваше со глад пред судот, откако во спор му беше одземена неговата куќа.
Оставената поќукнина утрово ја отстранија екипи на „Охридски Комуналец, кои инаку денеска спроведуваа акција за подигање кабаст отпад во населбите „Кошишта“, „Воска“ и „Даљан“.
OhridNews