И покрај набиената агенда и бројните обврски во рамки на Комисијата за широкопојасен интерент и дигителен развој, најбогатиот човек на светот Карлос Слим, доцна попладнево се одлучи да оди на една мала прошетка низ Охрид и да посети дел од културните  знаменитости на градот. 

На прес конференцијата, кој се одржа доцна попладнево, Слим искажа големо задоволство до гостопримливоста на македонците и рече дека му преставува голема чест што имал прилика да престојува во земјата на Александар Македонски и Мајка Тереза.

На вчерашната вечера, во Охридскиот хотел Инекс Горица, специјално за милијаредерот Слим била подготвена Охридска пастрмка, а биле послужени и неколку традиционални македонски специјалитети како ајвар и  малиџано.


Од неофицијални извори во хотелот дознаваме дека интернет -магнатот, по коктелот кој бил приреден во негова чест пиел црвено вино. Ноќевал во  апартманот ,,Јуниор”, кој има прекрасен поглед на Охридското Езеро  и кон градот  Охрид. Милијардерот, кој според вработените во хотелот се однесувал многу скромно, немал никакави посебни побарувања и не  посакал  ништо  поразлично од останатите гости.

На ручекот со останатите учесници на конференцијата, кој се одржа денес и нему му било послужено телешко мени и  Охридска торта.

Е. М.