Градоначалникот Никола Бакрачески свикува собир на граѓани кои ќе се одржат во текот на октомври и ноември, на кои ќе се врши избор на Совети на Месните заедници.
Првите собири на граѓани се однесуваат на жителите од Месните заедници Љубаништа, Трпејца и Пештани.
На 14- ти октомври, понеделник, со почеток во 19 часот ќе се одржи собир на граѓани на Месна заедница Љубаништа. Собирот ќе се одржи во домот во Љубаништа.
На 15 октомври, вторник, со почеток во 19 часот, Собир на граѓани ќе се одржи за Месна заедница Трпејца, во просториите на основното учлилиште во селото.
На 16 октомври, е свикан собир на граѓани од месната заедница Пештани кој ќе се одржи во основното училиште во Пештани.