СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.А. од Охрид, в.д. директор во ЈП „Охридски Комуналец“ од Охрид за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во периодот од 2009 до 2011 година, пријавениот спротивно на Законот за јавни набавки, ангажирал градежна фирма за покривање на хала на градско пазариште во Охрид,поставување на објекти за собирање на комунален отпад и реновирање на зграда пред објавување на тендерот, а потоа спровел формална постапка за распишување на тендер.

На овој начин, пријавениот на градежната фирма и овозможил да се стекне со 1.485.468 денари.

OhridNews стапи во контакт со раководителот на јавното претпријатие, кој во моментов е на службено патување. Тој најави дека свое видување и коментар во врска со поднесената кривична пријава ќе соопшти по враќањето во Охрид .

OhridNews