Селекциите на Србија и Литванија ја сочинуваат втората полуфинална двојка по победите над Чешка (89-75) односно Италија (95-85) во четвртфиналните натпревари.
Србите во четвртфиналето со чесите ја покажаа целата своја моќ и квалитет и покажаа зошто се фаворити број еден за освојување на златниот медал на Евробаскетот.
Литванците пласман меѓу најдобрите четири репрезентации во Европа обезбедија по дополнителните пет минути откако регуларниот дел заврши 79-79.
Во останатото полуфинале ќе се сретне последниот и претпоследниот првак Франција и Шпанија.
Мх.П.












