Како што информираат од Противпожарната единица, пожарот кој попладнево избувна во планинскиот дел помеѓу охридските села Горенци и Требеништа е локализиран.
Пожарот зафатил околу 1000 метри квадратни сува трева и неколку стебла, но како резултат на брзата и навремена интервенција на противпожарните екипи било спречено неговото понатамошно ширење.











