Од АМСМ информираат дека сообраќајот на автопатот Тетово-Гостивар, е нормализиран по прекинот од неколку часа поради случена сообраќајна незгода кај „Неготинска петља“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Магла со видлиовост од 50 до 100 метри има на патните правци: Тетово, Скопје и Катланово.
Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони е сеуште затворен за сообраќај. Премините Дојран и Меџитлија се отворени за сообраќај.
Според информација од ЈП Јасен, патниот правец Скопје – Македонски Брод низ Јасен е со ограничена проодност. Во утврдените термини за еднонасочен сообраќај, дозволено е движење само на лесни теренски возила со погон 4џ4.
Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен, преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
OhridNews