Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Појава на магла со видливост од 20 -50 метри има Тетово-Гостивар и Кичево-Македонски Брод, информираат од АМСМ.
На возачите им се препорачува поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони.
Поради ниските температури на повисоките места има можност за појава на голомразица.