Поради појава на магла, намалена видливост од 60 до 80 метри има на планинскиот превој Стража. Според информациите од АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, а магла со видливост од 70 до 100 метри има и на планинскиот превој Плетвар, а на кракот Маврово – Бунец видливоста е од 10 до 15 метри.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Од 15-ти ноември започа законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата. Оваа обврска трае до 15-ти март следната година. Според новиот закон за безбедност во сообраќајот на патиштата, зимската опрема е задолжителна „во сообраќај на пат“, што подразбира и во населени места.
OhridNews