Машката кошаркарска репрезентација на Македонија загуби од Летонија со 76:66 во натпревар од последното коло во Б групата на Европското првенство што се игра во Словенија.
Летонија го отвори натпреварот со 12:0 казнувајќи ја секоја грешка на нашите репрентативци кои делуваа отсутно на теренот и ја задржа убедливата предност до крајот. Откако се обиде да ги изротира најдобрите играчи, селекторот Пипан во продолжение на мечот им даде шанса на резервистите од клупата кои внесоа доза живост во играта на нашиот тим, но недоволно да се избегне поразот кој не враќа во реалноста.
Македонските кошаркари ги пакуваат куферите за дома, а стручните анализи кои ќе следат ќе треба да одговорат на бројните прашања кои се отвораат по бледиот настап и дебаклот на нашиот национален состав во Словенија
OhridNews