Македонската ракометна репрезентација на 15-та позиција го финишираше Мундијалот во Франција, иако првично објавено беше дека „црвено жолтите“ завршија на 13-то место.


Во рангирањето ИФХ не ги смета бодовите освоени во групите со селекциите кои не поминаа во следната фаза. На Македонија и се „бришат“ победите со Ангола и Тунис и се рачуна само ремито со Исланд.

Токму селекцијата на Исланд има послаб ранг од Македонија од репрезентациите кои отпаднаа во осминафиналето.


Македонија најдобар пласман на Мундијалите имаше во Катар пред две години кога се пласираше на 9-та позиција, а во Шпанија 2013 година нашите ракометарите завршија на 14-та позиција.

OhridNews