Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев победи на 29-от Охридски пливачки маратон. Тој патеката „Климе Савин“ долга 30 километри од Св. Наум до Охрид ја мина за време од 5 часа 39 минути и 42 секунди.
За Поп Ацев ова е осмо учество на маратонот во Охрид кој е дел од светската серија на ФИНА. Победата му беше блиску и минатата година, кога во фото финиш мораше да се задоволи само со второто место.
Во возбудлив финиш втор на целта пристигна Дамијан Блаум од Аргентина, но тој е дискфалификуван бидејќи ја скратил патеката. Блаум најави дека ќе ја обжали одлуката на судиите.
Официјално втор на Охридскиот пливачки маратон е Матеус Евангелиста од Бразил со време 5.39.48ч., а трет нашиот Томи Стефановски со време 5.39.54ч..
Во женска конкуренција триумфираше Италијанката Аличе Франко со време 5.44.03 часа, втора беше Ана Манкевич од Русија, а трета Естер Морера Нуњез од Шпанија.
Ветрот и заморот најголем противник на маратонците
Евгениј Поп Ацев предводник на јатото пливачи кај хотел Десарет
Македонската четворка дел од водечката група кај Трпејца
Стартуваше 29-от Охридски пливачки маратон
Мх.П./Г.М