И покрај ниските температури и наврнатиот снег голем број охриѓани, денес, беа дел од 12- та по ред акцијата „Ден на дрвото- засадија својата иднина“.

Во месноста „Мазатар“ кај селото Горно Лакочереј, дрвца садеа ученици, професори, вработени  во јавните институции, како и останатите граѓани кои имаа желба да придонесат кон реализација на акцијата.

Во акцијата се вклучија и членовите на еколошкото друштво „Грашница“ кои посадија 100 садници.

Во општина Охрид се засадија над 8000 дрвца, а во рамки на акцијата низ Македонија на површина од 1.150 хектари предвидено е да бидат засадени вкупно пет милиони садници.

OhridNews