Во рамки на саемот за туризам што деновиве се одржува во Белград, Република Србија, градоначалникот Јован Стојаноски даде интервју за повеќе српски медиуми, информираат од локалната самоуправа.

Дека интересот за Охрид на саемот за туризам е годем, потврдува и гостувањето на градоначалникот Стојаноски и претставници на градот во популарната утринска емисија на РТС – „Жикина Шареница“, во која се говореше за овогодишната туристичка понуда на Охрид.

Во рамки на саемската презентација на градот, градоначалникот Јованоски оствари средба со претставници на повеќе туроператори и туристички агенции.

Покрај презентацијата на туристичките можности на градот, на саемот во Белград се одржа и традиционалната Охридска вечер, на која присусутвуваа претставници на туроператори, туристики агенции и познати јавни личности.

На Меѓународниот туристички саем во Белград, кој годинава се одржува по 40-ти пат, учествуваат околу 1. 200 излагачи од 55 земји од светот.

OhridNews