коловозот на Плетвар, автобусите на АД Галеб денес не сообраќаат на
релација Охрид- Скопје преку Битола, како и на релација Охрид- Кочани.
Како што веќе информиравме, Плетвар е затворен за тешки товарни возила, а не се пропуштаат ниту патнички возила.
Освен на овие релации, меѓуградскиот сообраќај од и кон Охрид, се одвива тековно, со мали задоцнувања поради снежните навеви и отежнатото движење, особено на планинските превои.
Поради остатоци од снег и мраз на коловозот на места отежнато се одвива и градскиот сообраќај.