Огромно мнозинство граѓани не се за предвремени избори или сметаат дека нови предвремени избори не се решение за излез од политичката криза. Oва го покажува анкетата на телевизија Телма, што телефонски ја спроведе М-Проспект во периодот од 4 до 10 февруари на репрезентативен примерок од 1000 испитаници.  . 

Најголем дел до граѓаните не гледаат излез од политиката криза со нови избори. Мнозинството, или 56,5 проценти се против нови предвремени избори, наспроти 38,6 проценти кои повторно би гласале. 

На прашањето граѓаните најдоброто решение за формирање на следна влада откако Груевски го врати мандатот гледаат во широка коалиција во која би влегле сите поголеми партии. За широка коалиција се определите 30,2 отсто. Три проценти помалку, или 27,3 отсто сметаат дека следната влада треба да ја формира СДСМ, додека помалку или 23,5% сакаат влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. 

Анкетата покажува дека Платформата на партиите на етничките Албанци во Македонија ја поддржуваат 18,6%, а против неа се 55,2% од анкетираните. Во македонскиот блок 71,5% се против, а во албанскиот 74,7 даваат поддршка за платформата. 

Специјалното јавно обвинителство и натаму има висока поддршка од граѓаните да продожи да работи и покренува обвиненија, за што се изјасниле 62,8 отсто од испитаниците, против биле 28,8%, а не одговориле 8%. Од анкетираните Албанци дури 82,7% се за продолжување на мандатот на СЈО, а кај Македонците 56,5%.

OhridNews
извор: Тв Телма