Мртвото момче кое утрово во 07 часот и 20 минути беше пронајдено во водите на Охридското езеро во центарот на Охрид, од страна на случаен минувач, e од кочанското село Зрновци, информираат од полицијата.
Починатиот е Александар Ѓ. (25), кој пред неколку денови дошол во Охрид за да работи во угостителски објект. Последно бил виден синоќа во ресторан. Што се случило потоа треба да открие истрагата.
„На телото не се забележани траги на насилство.“- изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
Телото е видено од граѓанин на оддалеченост од околу 5 метри од платформата на еден угостителски објект во централното градско подрачје каде длабочината на езерската вода е околу 2 метри. Момчето починало од давење, но каде, кога и како се счлучил немилиот настан засега не се знае.
На местото на настанот извршен е увид од страна на јавен обвинител и полициски екипи. Во текот на денот врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.
OhridNews