Најголемата опозициска партија СДСМ го одржува 20-от конгрес. Теми на конгресот се усвојување на програмата и насоките за настап за изборите кои според договорот треба да се оддржат на 11 декември. Пред присутните се обрати претседателот на партијата, Зоран Заев, кој рече дека битката што е започната е преголема и преважна за да ја водат сами и дека секој е важен и потребен.

– Планот за Македонија не е мртво слово на хартија. Ги отвараме вратите, разговаравме со граѓаните, од денеска засекогаш секој еден штаб и канцеларија вратите да ги остават отворени за да можат граѓаните да дојдат и да ги кажат нивните проблеми. А, тие што се плашат и не можат да дојдат ние ќе отидеме кај нив. На 11 декември Македонија ќе слави. Пад на режимот? Тој е паднат. Нам не ни треба победа заради победа и хранење на егото, затоа што на граѓаните не им се важни партиските победи. На  11 декември ќе го славиме животот во нашата прекрасна Македонија. Освен за една фамилија и мала група околу нив, за огромното мнозинство граѓани во Македонија ова не е живот. Книгата „Крпен живот“ е најдобриот опис на животот во Македонија денес, рече во своето обраќање Заев.

Заев рече дека СДСМ има конкретен план, ктраткорочен и среднорочен, најниската плата да биде најпрво 12.000 илјади.

– Ова ќе биде обврска и голем товар за малите и средни претпријатиа и ним ќе им помогнеме. Уште веднаш првиот месец од зголемување на просечната плата веднаш фирмите ќе добијат пари на сметка, не да чекаат. Ќе имаат поврат за исплатена бруто плата. Се прашуваат граѓаните од каде пари, нема да се расфрламе туку  одговорно ќе ги вложуваме буџетските плати за стимулирање на стопанството. Оваа власт годишно краде по 400 милиони евра. Ние ќе понудиме државна поддршка за микро претпријатијата до 50 милиони евра годишно. На оваа земја и треба и инфраструктира, патишта, водоводи, градинки, затоа што е опустошена од оваа власт. Но што и да имаме џабе ќе ни е ако имаме сиромашни граѓани. Затоа наслов на нашиот план за Македонија е „Човекот пред се“, кој според неговите потреби ќе ни ги одредува приоритетите. Нема да дозволиме некој да го удри слава во глава па да тргне да реализира свои некакви нереални идеи, рече Заев.

Тој додаде дека ќе им се дадеме можност и на граѓаните кои живеат во странство да се вратат назад,  ќе се врати евтината струја, ќе се укине радиодифузната такса, ќе се обезбеди сместување на немоќни стари лица во старски домови, помош за самохрани родители, социјалните станови ќе прераснат во колективни станбени заедници со кои ќе стопанисуваат локалните самоуправи.

На конгресот во Скопје ќе бидат претставени и останатите мерки кои ги предвидува Планот за Македонија на СДСМ во економијата, образованието, здравството, социјалната политика и другите сфери на општествено живеење…

Присутни се 539 делегати, односно 74 отсто од вкупниот број делегати на партијата. На конгресот присутен е и екс лидерот на СДСМ и поранешен претседател Бранко Црвенков

OhridNews