На барање на лидерите на политичкуите партии, проценката на ЕУ и САД за тоа дали се исполнети условите за одржување на изборите на 24 април, ќе биде соопштена утре, потврдиле за „Телма“ дипломатски извори.

Амбасадорите на ЕУ и САД, Аиво Орав и Џес Бејли денеска требаше да соопштат дали се исполнети условите за одржување на изборите врз основа на три критериуми: договор за медиумите, прочистување на Избирачкиот список и одвоеност на партијата од државата.

Амбасадорот Орав вчера беше во Брисел на консултации со кабинетот на Еврокомесарот Јоханес Хан кој лично посредуваше во постигнувањето на договорот од Пржино.

Неофицијално и во Брисел и во Вашингтон се обидуваат да ја менаџираат реакцијата на извештајот во кој треба да стои  дека не се исполнети  бараните услови и евентуално да се договори нов датум за избори, но одложувањето на изборите да не биде  за повеќе од еден месец.

OhridNews
Извор:„Телма“