Синоќа, 30 минути по полноќ, од страна на езерската полиција , при вршење на  патролна контрола во водите на Охридското Езеро, на потегот помеѓу Авто-кампот „Елешец“ и село Пештани, на самиот брег од Охридското Езеро, пронајден е метален чамец со пента, во кој имало 7 вреќи кафе, а во непосредна близина на брегот имало уште 8 вреќи кафе.

Секоја од вреќите тежела над 60 килограми.

Кафето и пронајдените предмети се земени за понатамошна постапка, а поднесена е кривична пријава против непознат сторител за сторено кривично дело „криумчарење“.

Увид на лице место извршила екипа на СВР-Охрид. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

OhridNews