На празникот Танасоивден ( 31-ви јануари) во 12 часот, кај градското пристаниште, на свечен начин ќе биде поставен камен темелникот за изградба на спомен обележје за празникот Богојавление –  Водици.

Чинот на осветувањето и поставувањето на камен темелникот ќе го изведат свештеници на МПЦ, Кумот на Водици Охрид-2014, Градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески и Кумот на Водици Охрид-2012 и сопственик на реномираната градежна компанија „Адора Инженеринг“ проф. д-р Ванчо Чифлиганец, кој е донатор на споменикот.  Иницијативата за поставување спомен обележје на Водици ја поттикна здружението на граѓани Богојавление, кое повеќе од една деценија работи на афирмирање на празникот во и надвор од земјата.

Споменикот посветен на најмасовата прослава на Богојавление во овој дел на православието, е дар за граѓаните, туристите, Балканскиот Ерусалим-Охрид и Македонија.

OhridNews