Педесеттина деца од детската градинка „Јасна Ристеска“ денес ја посетија езерската полиција и полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во Охрид.
Целта на посетата е запознавање со работата на полициските службеници околу безбедноста во сообраќајот, како и запознавање на материјално-техничките средства и опрема што сообраќајната и граничната полиција ја користат во секојдневното извршување на работните задачи.
Оваа посета на полициската станица е во рамките на проектот на Министерството за внатрешни работи „За мојата безбедност се грижиме јас и мојот пријател полицаец“ и се реализира во координација со одделението за образование при локалната самоуправа.
Неодамна во посета на езерската полиција и полициската станица за безбедност во патниот сообраќај беа и учениците од ОУ „Григор Прличев“.
OhridNews













