Според најновите информации од АМСМ добиени во 11.24 часот, забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Ресен-Охрид преку планинскиот превој Буково е укината.

Забраната за сообраќај за сите видови возила за патниот правец Велес- Скопје во 10 часот се укинува. Исто така забраната за сообраќај за тешки товарни возила за патниот правец Скопје-Велес во 10 часот се укинува. Од 08:00 часот сообраќајот на патниот правец Валандово – Стар Дојран и обратно на м.в.Бела Барака, е во прекин во двата правци, поради наноси од снег.

Магистралниот пат А-3 Штип -Кочани поточно од с.Крупиште до бензиска пумпа „Ваго“ од 06:00 поради чистење на снежни наноси сообраќајот е во прекин. На регионален пат Тетово – Јажинце кај с.Јажинце поради обилни врнежи од снег сообраќајот е во прекин.

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Маврово, Пресека, Плетвар, Ѓавато, Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, Струга – Ќафасан, Катланово – Велес и обратно.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, а во западниот и северниот дел од државата, наместа со остатоци од снег по интервенција на екипите на Македонијапат.

OhridNews