Не е предвидена лидерска средба помеѓу Зоран Заев и Биљал Касами, денеска ќе преговараат работните групи на двете партии, брифираат од Движењето Беса.
“Во текот на денот работните групи на СДСМ и Беса ќе разговараат околу усогласувањето на владината програма. По состанокот јавноста ќе биде информирана за исходот од преговорите”, информираат од партијата Беса.
Во текот на денот предвидена е слична средба и со претставници на Алијанса за Албанците.
OhridNews
Макфакс