
Како што јави Тв Телма, кратко потоа протестот излегол од контрола. Групата млади која извикувала националистички пароли, започнала да фрла камења кон полициските возила и билборди и се обидела да се упатат кон Бит пазар во што била спречена од специјалната полиција. Во судирот повредени се и членови на медиумски екипи.
Според последните информации предизвикувачите на немирите биле изолирани кај Собранието на РМ. Подоцна беше соопштено дека се приведени десет лица, од кои половината биле деца.
Инаку вечерва во Соборниот храм во Скопје се одржа молитва за жртвите, на која присуствуваа голем број граѓани, во главно од Радишани. Тие ги осудија немирните протести, оградувајќи се од нив. Роднините на убиените упатија апел да се смират страстите и да не се предизвикуваат инциденти.












