Нивото на Охридското Езеро е на еден сантиметар од највисоката дозволена кота од 694 метри надморска височина, која е предвидена со водостопанската дозвола на ЕЛЕМ при состојба на големи води. Од компанијата велат дека се прават максимални напори да се спречат поплави на крајбрежјето или по течението на реката Дрим, но состојбата е сложена, поради што во моментов од Езерото се испуштаат само околу 40 литри во секунда од максималните можни 70 литри во секунда.

-Доколку се испуштат поголеми количина на вода во Црн Дрим тогаш сигурно дека штети ќе претрпат граѓаните по околните населени места. Не сакаме до тоа да дојде, одноно не сакаме да нанесеме штета ниту на Охрид, ниту на Струга ниту по течението на Дрим. – изјави Драган Миновски – генерален директор на ЕЛЕМ.

Водата од Охридското Езеро се користи за производство на ел. енергија во хидроелектраните Глобочица и Шпиље по течението на Дрим, кои поради високиот водостој бележат надминување на планираните количини за 39 проценти. ЕЛЕМ во моментов не размислува за продажба на вишокот ел. енергија поради неповолните цени на берзите во регионот. Затоа компанијата се одлучила да ја чува водата во акумулациите, а доколку се биде како што е планирано можна е продажба на струја во летните месеци, истакна Миновски.

Висок водостој Охридскот Езеро имаше и во март 2013 година кога исто така јужниот ветер и брановите предизвикаа штети на крајбрежјето, нивото на подземните води значително се зголеми што предизвика поплави во пониските делови од населбите покрај езерото, а имаше и помали излевања на реката Дрим.

Г.М.