Првиот редовен, директен, лет од Доха до Скопје денеска слета на скопскиот аеродром „Александар Велики“. Новата рута до главниот град на Република Македонија ќе биде опслужувана четири дена неделно (понеделник, среда, петок и недела) со воздухоплов „Ербас А320“, што има 12 седишта во бизнис и 132 во економската класа.

Првата услуга на авиокомпанијата од Република Македонија ќе им овозможи на македонските патници полесен пристап до Австралија, каде што живеат повеќе од 200.000 граѓани со македонско потекло.

OhridNews