Од СВР Охрид информираат дека во 12 часот и 50 минути, на Машка плажа во Струга, забележано било и извадено од водите на Охридското езеро, безживотно машко тело.
Телото се наоѓало на дното на езерото, на околу три метри длабочина и на оддалеченост од околу четиристотини метри од езерскиот брег. Го пронашле и извлекле спасувачки екипи од Црвениот Крст Струга.
– По извршениот увид на местото на настанот, предводен од јавен обвинител и полициски екипи, констатирано е дека удавеното лице е Јетон А. (22) од гостиварското село Градец. Тој, околу 12 часот, во езерските води, заедно со уште едно лице, влегол со педалинка и се оддалечил од брегот, а потоа скокнал од педалинката со цел да се капи и плива. Во следниот момент, започнал да бара помош, а потоа почнал да тоне, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
На безживотното тело не се забележани траги на насилство.
OhridNews