Во предлогот на Величковски се предвидуваше пушење во во угостителски објекти, ресторани, кафе-барови, пивници, хотели, мотели, психијатриски болници, старски домови, казнено-поправни домови, затвори, отворени и затворени трговски центри, автобуски и железнички станици.
„Сите оние кои сакаа да го поедностават законското решение и да кажат дека секаде ќе се пуши, морам да ги демантирам. Законот е многу внимателен и предвидува во објектите до 50 квадратни метри, одговорното лице во угостителскиот објект да може да спроведе или целосна забрана, или да дозволи пушење во сите простории во угостителскиот објект. Во угостителски објекти над 50 метри квадратни, исто така да спроведе целосна забрана за пушење, или да воведе делумна забрана на најмалку 50 проценти од вкупната површина од просторот.“ – изјави Величковски, пренесува „Алсат.мк“.
Претставниците на опозиционата СДСМ би го поддржале законот доколку истиот се модифицира, додека од владејачката ВМРО-ДПМНЕ се јасни дека на прво место треба да биде здравјето на граѓаните.
Инаку, охридските угостители различно го согледаа предлог-законот. Едни велат дека угостителските објекти веќе се адаптирани на постоечкиот закон, а монтирањето вентилациски системи би значело додатна инвестиција. додека другите потенцираа дека пушењето е право на слободен избор, а со воведувањето на забраната за пушење на јавни места и во затворени простории од 2008-ма година, прометот драстично се намалил.