Денеска во Кривичниот повторно беше одложено рочиштето за случајот „Поткуп“ во кој обвинет е лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Причина за одложувањето беше средбата која лидерот на СДСМ ја има закажано со претставници на ОБСЕ во врска со настаните во Собранието.

Новото рочиште е закажано за 27 јуни.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев по завршувањето на минатото рочиште пред новинарите изјави дека тој и адвокатите инсистираат да ги добијат копиите од ПИ мерките, бидејќи се сомневаат дека обвинителот и обвинителсвото од коешто доаѓа ги имаат тие докази од прислушуваните телефонски разговори и видео снимки од разговорот со бизнисменот Иван Николов Сачевалиев од кој наводно барал поткуп.

Првото рочиште за предметот „Поткуп“ беше одржано на 25 јануари 2016 година.

OhridNews
извор:„Макфакс“