Членови од Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца по четврти пат го освоија првото место на 19-те Републички спортски натпревари на пензионерите на Македонија што викендов се одржаа во Тетово.
Охридските пензионери освоија пет златни медали,три сребрени, две бронзени медали и две седми и едно осмо место или вкупно 99 бода, 30 бодови повеќе од второ пласираното Куманово. Златни медали освоија Лупка Трифуноска,Верица Пулеска,Блаже Србиноски,Марјан Николоски и Ѓорѓи Јанески, сребени медали освои екипата во Стрелаштво-мажи, Благица Маркулеска и Стојан Петкоски,четврто место Јован Јанакиески и Миралем Билаловиќ,потоа две седми и едно осмо место.
Со овој четврти по ред успех на спортската пензионерска олимпијада, охридските пензионери се здобија со големиот Преоден пехар и малиот пехар во трајна сопственост.Охриѓани настапија со 23 спортисти во 13 дисциплини во мошне силна конкуренција на 400 спортисти од 43 здруженија од Републикава.Преодниот пехар од организаторот претседателот на СЗПМ Драги Аргироски го прими претседателот на ЗП Охрид и Дебрца Ѓорѓи Трпчески.
OhridNews