Три човечки животи се спасени благодарение на брзата интервенција на Професионалната противпожарна единица од Охрид утрово на бензинската пумпа која се наоѓа во непосредна близина на аеродромот „Св. Апостол Павле“.

Инцидентот се случил околу 8.30 часот кога тројца охриѓани на возраст од 64 години, 55 и 46 години кои го чистеле 12 метри долгиот резервоар за гориво западнале во неволја. Како што информираа од охридската противпожарна единица, тие во состојба на бесознание биле извлечени од резервоарот од страна на пожарникарите, по што со возила на брза помош биле итно пренесени во болниците во Охрид и Струга и се надвор од животна опасност.

Истражните органи работат на расветлување на случајот кој за среќа не завршил со трагични последици.

 

OhridNews