Помош за семејството Садик чиј дом целосно изгоре во пожар на 9-ти јануари, продолжува да пристигнува од секаде.
На апелите за солидарност се одзваа и охридските угостители кои деновиве организираат бројни хуманитарни забави за помош на своите сограѓани.
Во петок, 13ти јануари, со почеток во 13 часот кафе Аквариус организира хуманитарна забава со староградска музика за помош на семејството Садик.
„Mr I“ во сабота организира целодневна забава со музички уметници и диџеи од градот, а сите собрани средства ќе бидат донирани за обнова на домот на Садик.
Помош за семејството Садик најавија и други угостителски објекти, невладини организации и хумани граѓани.
OhridNews