Охриѓанецот Тони Иваноски e дел од Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, кој беше избран на генералното собрание во Охрид.


Иваноски, заедно со уште 12 делагати беше избран во првиот круг, а УО се комплетираше по гласањето во вториот круг.

УО покрај претседателот Илчо Ѓоргиоски го сочинуваат делагати : Златко Талевски, Лазар Ракиџиев, Серафим Димовски, Светозар Станковски, Добре Иванов, Салим Абдиљи, Тони Иваноски, Марјан Стојкоски, Аргетим Асани, Мемед Абдиу, Димитар Џонов, Муамед Сејдини, Горан Гаврилов и Дејан Димовски.

Веднаш по формирањето на новиот Управен Одбор заедно со претседателот Илчо Ѓоргиоски одржаа состанок во хотелот „Инекс Горица“.

Мх.П.