Навредливи соджини упатени кон Македонците и државниот врв осамнаа денеска на официјалната веб страна на Државниот просветен инспекторат.
Зад нападот, како што се наведува, стојат грчки хакери.
Страната привремено е е исклучена од употреба, а надлежните органи работат на расветлување на случајот.
Покрај овој, денеска се забележани и неколку други хакерски напади на официјални интернет страни на институции во Албанија, зад кои како што се наведува, стојат хакерски групи од Македонија. Нападот бил одмазда за палењето на македонското знаме неодамна во Тирана.