Јасна и недвосмислена е фрустрацијата на Општинската организација на СДСМ од Дебрца во однос на поразот кој им беше нанесен на локалните избори. За тоа сведочат секојдневните небулозни соопштенија, реакции и контра реакции, а сега согледуваме и пресови на кој во најмала рака неосновано и со дрзок вокабулар се напаѓа градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски, стои во писменото соопштение од Кабинетот на Градоначаникот на Општина Дебрца, кое беше испратено до медиумите.

-Замислете, ОО СДСМ  Дебрца воопшто ги немаше со соопштенија и пресови за време на нивното 16 годишно владеење во Општина Дебрца. Од ова не може ништо друго да се заклучи освен дека немало што да покажат или нивната работа била крајно нетранспарентна. Нас не не засега кој ќе раководи со Прес тимот на ОО СДСМ и кој стои зад соопштенијата, бидејќи во најмала рака тие се трагикомични и неосновани. Тоа се потврдува и со именуваниот портпарол кој во своето излагање заборави да каже дали бил член на ВМРО ДПМНЕ и до кога е неговото членување во оваа политичка опција, пишуваат од кабинетот на градоначалникот Трајкоски.

Од таму додаваат дека треба да се има основна политичка култура и позадина кога се излегува пред јавноста и за секој кажан збор треба да се понесе одговорност.

-Во врска со претседателот на ОО СДСМ Ногачески, по кој знае кој пат укажуваме дека прераспределбата на работните простории е во согласност со укажаната потреба на општината и согласно законските норми и регулативи и  напоменуваме дека се работи за дислокација на одделението за инспекциски служби, а не на државен службеник. Кога наведувате колку проценти на жители имало во тој регион каде што работи Ногачески, треба да ви биде јасно дека токму СДСМ се главните причинители со нивното 16 годишно владеење во Општина Дебрца за големиот број на иселување од Општина Дебрца, пишува меѓудругото во писмената реакција од Општина Дебрца.

СДСМ со соопштение одговори на упатените забелешки од општина Дебарца. Во него се наведува дека локалната немајќи аргументиран одговор за очигледниот политичкиот реваншизам упорно продолжува да сеа демагогија. „Така, во нивната реакција на нашиот прес, која не е ништо друго туку еден обичен политички памфлет за тоа колку се било розово во Дебарца од кога Трајкоски ја презел локалната власт, се наведува дека се дислоцирало Одделението за инспекциски работи, а не државен службеник, при што свесно не се кажува дека во истото одделение има само еден државен службеник, Зоран Ногачески, како раководител, а другите места не се пополнети и надлежностите се остваруваат со користење на услугите на инспектори од општина Охрид, врз основа на Спогодба за меѓуопштинска соработка. Сепак, убедени сме дека незаконското и дискриминаторско постапување на градоначалникот ќе биде докажано пред надлежните органи за заштита и спречување од дискриминација.“-стои во соопштението. 

OhridNews