СДСМ Охрид продолжува упорно да прави репризи на своите јавни настапи и прес конференции и со нив да покажува отсутност од случувањата во градот и администрацијата, и да поставува исти прашања на кои и самата го знае одговорот бидејќи нивните советници добиваат одговори за се што ќе пројават итнерес, па така и за овие прашања. – се вели во реакцијата на општина Охрид, по повод прес конференцијата на опозициската СДСМ, која ја обвини локалната самоуправа дека не ги исполнила ветувањата кон граѓаните и не ги реализирала најавените проекти.
„Во оваа партија добро знаат дека градбата на новата автобуска и домот за стари лица се во фаза на добивање на сите потребни дозволи, и наскоро ќе се најдат пред советниците од Советот на општина Охрид, по што ќе се пристапи кон постапка за објавување на оглас за продажба на земјиштето на лицитација и градба на овие објекти од заинтересираните инвеститори.
Индустриската зона за која зборувате, јавноста знае дека е во фаза на изготвување на урбанистички прект, а за неа веќе постои голем интерес кај конкретни странски инвеститори, а истото е и со откупниот центар за кој обезбедуваме урбанистичко планска документација.
За базенот како што е кажано безброј пати во јавноста завршија сите припремни проекти и сега Агнецијата за спорт и млади го изработува основниот пеоект , до крајот на годината се очекува да се издаде одобрение за градба по што ќе се распише повик за изградба на објектот.“-се вели во реакцијата.
Во врска со со кредитот од Светска бака, од локалната објаснуваат дека со условите под кои е добиен може да добие само финасиски стабилна општина.
-Како што знае јавноста бевме следени година и половина од експерти од банката, оценето беше дека општината води одговорна финансиска политика и банката го награди ова одговорно работење, со поволен кредит. Од друга страна оставивте долг од 2.152.500.000 ( две милијарди , стопедесет и два милиони и петстотини илјади денари ) и камо среќа и вие вака да го задолжувавте Охрид, со поволни инвестициски кредити, наместо да ја оставите оваа финансиска апокалипса зад вас. -стои во реакцијата на општина Охрид.
Реагираше и ВМРО ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Никола Бакрачески, покрај тоа што ги враќаат и плаќаат астрономски високите , неоправдани долгови кои СДСМ ги остави во Општината и во Јавните претпријатија, работат и на низа други проекти кои се за доброто на Охрид и охриѓани, се наведува во реакцијата од општинската ВМРО- ДПМНЕ, по денес одржаната прес- конференција на ОО на СДСМ .
– Проектите кои што ги вети ВМРО –ДПМНЕ и градоначалникот Никола Бакрачески се исполнуваат во континуитет. Иако законското работење е табу тема за СДСМ сепак им укажуваме дека ВМРО –ДПМНЕ и градоначалникот Никола Бакрачески работат во склад со законите, што значи дека секој проект има сопствена законска рамка која подразбира проток на одреден временски период до конечна реализација на истиот. Притоа потсетуваме дека новата локална власт на ВМРО-ДПМНЕ сите проекти успешно ги започна иако се соочи со невидени правни, урбанистички лавиринти и “заврзлами“ кои ги остави претходната власт на СДСМ, се наведува во реакцијата.
Од ОК на ВМРО- ДПМНЕ додаваат дека во тек се проектите за затворениот пазар, современата автобуска станица ,домот за стари лица , катната гаража, затворениот пливачки базен во Охрид.
– Проектот за затворениот пазар е во поодмината фаза и веќе е добиена согласност од Советот за јавни набавки и тоа значи дека преку Бирото за јавни набавки веќе денес се очекува да има објава за воспоставување на јавно –приватно партнерство, по што ќе следи избор за приватниот партнер. Во однос на проектот за современата автобуска станица веќе е донесен Урбанистички план, изработен е извод по тој план кој е доставен за изработка на нумерички податоци. По добивањето на нумеричките податоци од страна на фирмата која ќе биде избрана на тендер ќе продолжи реализацијата на проектот. Што се однесува до Домот за стари лица веќе е изработен изводот и нумеричките податоци кои се во согласност со него. Успешно се решаваат и имотно правните односи по што следи натамошна реализација на проектот. Во однос на проектите за катната гаража веќе се изработени нумеричките податоци а за затворениот пливачки базен , изводот е веќе издаден и се работи главниот проект, велат од ВМРО- ДПМНЕ.
Оттаму, потсетуваат на инвестициите во туризмот и индустријата, асфалтираните улици.
OhridNews